ВИДЕО: Циркус на судијата во Полска – Поништениот чист гол на Владан Новевски!

Делителите на правдата воопшто не дозволија можност за надигрување на македонската репрезентација за фудбалери до 17 години против домаќинот Полска во УЕФА елитните квалификации за пласман на ЕП.

На мечот во Полска кој домаќините го добија со 3-0, ситуацијата можеше да биде далеку поразлична доколку главниот судија Кристоф Пирес од Луксембург не креираше вистински циркус во 22. минута од средбата. Од крајно нејасни причини главниот судија, при резултат 0-0, во 22. минута поништи чист гол на Владан Новевски кој извонредно шутираше од околу 16 метри.

Судијата неоправдано го поништи голот, притоа не досуди и чист пенал за Македонија во истата акција, ако веќе не го призна погодокот, а потоа дополнително изненадувачки му додели и жолт картон на фудбалерот на новосадска Војводина, Новевски. И во таборот на Полска беа изненадени од поништувањето на голот на Македонија…

Се вчитува...