Гостивар води против Силекс во Кратово со 0-1 по половина час игра на дуелот од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Со циркус-погодок гостиварци дојдоа до предност во 13. минута благодарение на очајниот терен во Кратово.
Топката при едно безопасно додавање меѓу дефанзивците на Силекс беше запрена од калта пред шеснаесетникот на домашните, па Кехинде си доби „пенал-удар“ за лесен гол и водство на Гостивар од 0-1…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

