ВИДЕО: Турскиот селектор во солзи по неверојатната драма „режирана од Хичкок“

Турција во неверојатен натпревар славеше со 2-1 по пресврт во луда завршница на гостувањето против Летонија.

Турците израмнија во 76. минута со голот на Дурсун, а победничкиот гол стигна дури во 99. минута. Беше досуден пенал а Бурак Јилмаз донесе голема победа за Турција која останува во игра за баражот за пласман на СП 2022.

Новиот турски селектор Штефан Кунц посебно на емотивен начин ја доживеа лудата драма на терен, останувајќи долго во солзи по крајот на синоќешниот натпревар…

Се вчитува...