Светскиот шампион во бокс во ВБА верзијата, Тајсон Фјури успеа да победи во спектаклот во Саудиска Арабија против големата ММА ѕвезда, Францис Нгану со поделена одлука на судиите (95-94, 96-93, 94-95).
Фјури и Нгану приредија вистински спектакуларна борба која на крајот по 10 рунди со одлука на судиите ја доби „Кралот на циганите“.
Меѓутоа дефинитивно Камерунецот ги освои симпатиите на светската спортска јавност со начинот на борба по која, според многумина, заслужи победа. Дефинитивно од мечот ќе се памети и неговиот страшен удар во третата рунда кој го испрати ВБЦ шампионот Фјури на подот. Успеа Фјури да стане потоа и некако да стигне до победата, но видливо беше дека не му е сеедно што се најде во нокдаун.
NGANNOU JUST DROPPED TYSON FURY
— 🌴ᴛʜᴇᴀʀᴛᴏꜰᴡᴀʀ🌴 (@TheArtOfWar6) October 28, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА