ВИДЕО: Урнебесен гол на Киеза во победата на Јуве над Емполи

Јувентус дојде и до втората победа сезонава во 3. коло од Серија А, триумфирајќи со 0-2 на гостувањето против Емполи.

Победата на црно-белите беше најавена со голот на Данило уште во 24. минута од средбата.

Но, најинтересниот момент на мечот се чини беше урнебесниот погодок на Киеза во 82. минута кој во трка „падни-стани“ од 50 метри успеа да го надмудри противничкиот голман за конечни 0-2.

Се вчитува...