ВИДЕО: Уругвај ја „торпедираше“ Боливија за четвртфинале на Копа Америка, Панама подобра од САД

Уругвај славеше против Боливија со убедливи 5-0 со што се пласираше во четвртфиналето од Копа Америка.

Уругвајците победникот на дуелот го најавија со два гола уште во првото полувреме. Најпрво уште во 8. минута Пелистри донесе 1-0, а потоа во 21. минута Дарвин Нуњез зголеми на 2-0.

Араухо во 77. минута, Валверде во 81. минута и Бентакур во 89. минута заокружија со три гола во второто полувреме за конечни 5-0.

Панама, пак, триумфираше со 2-1 против САД. Во 18. минута се случи клучниот момент на мечот, кога Веа заработи директен црвен картон, па САД остана со играч помалку.

И покрај тоа што Американците поведоа во 22. минута со 0-1, сепак со фудбалер помалку не можеа да издржат во продолжението. Па, во 26. минута Блекмен израмни на 1-1, а Фаџардо во 83.минута постигна гол за пресврт победа на Панама.

Се вчитува...