Американскиот тенисер Франсис Тијафо признава дека не му се допаѓа новата фризура на Карлос Алкараз.
Алкараз реши да ја избричи главата пред настапот на Отвореното првенство на САД, што ги изненади сите во Њујорк. Но, реакцијата на Тијафо кога го виде Алкараз во теретана со нова фризура беше исто така интересна.
„Ужасно е. Мислам, дефинитивно е ужасно. Тој ми е пријател. Смешно е. Го погледнав и си реков: „Претпоставувам дека си аеродинамичен“, рече Тијафо, додавајќи:
„Хуан Карлос се смееше, и рече нешто како: ‘Да, тој е побрз отколку што беше порано’, а јас на тоа дополнив ‘па, тоа и е проблемот’“.
La honestidad de Tiafoe sobre el corte de Carlitos 😂 pic.twitter.com/39Z5wB6UIj
— US Open Tennis (@usopen) August 25, 2025
И двајцата стигнаа до второто коло – Алкараз сега го чека судир со Матија Белучи, додека Тијафо ќе игра против Мартин Дам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

