ВИДЕО: Вакво нешто не сте виделе – Гол од 90 метри!

Ретко во фудбалот голман да постигне гол, а уште поретко да го стори тоа од сопствениот шеснаесетник. Но, токму тоа му се случи на уругвајскиот голман на Серо Ларго, Џино Сантили, кој успеа да ја затресе мрежата на тимот на Ливерпул од Монтевидео од гол на гол.

Сантили ја расчисти топката кон противничката половина, а таа отскокна и доби на забрзување на лизгавиот терен. Само доволно за да го прескокне голманот на Ливерпул, Себастијан Лентинели.

Серо Ларго славеше со 2-0 и со тоа го фрли на колена сè уште лидерот во уругвајското првенство.

Се вчитува...