ВИДЕО: Вардар без проблеми преку Новаци до четвртфинале во Купот на Македонија!

Вардар без апсолутно никакви проблеми се пласираше во четвртфиналето од Купот на Македонија, откако во осминафиналната пресметка триумфираше со 3-1 против второлигашот Новаци.

На дуелот кој се одигра на стадионот „Петар Милошевски“ на тренинг-центарот на ФФМ, „црвено-црните“ од самиот старт најавија дека нема да дозволат никакво изненадување, па веќе во 8. минута дојдоа до предност од 1-0 со голот на Едиз Спахиу.

Веќе во 18. минута прекрасен погодок со глава постигна капитенот Азер Омерагиќ за водстви и од 2-0.

Гостите успеаја да намалат со голот на Ивановски од пенал во 44. минута од средбата. Но, „вардарци“ ја заокружија победата од 3-1 со погодокот во 79.минута.

Вчера, место во четвртфиналето на најмасовното домашно клупско натпреварување обезбедија и Силекс, Струга ТЛ, Работнички и Шкендија Арачинов која изненадувачки славеше со 1-0 против битолски Пелистер.

Се вчитува...