Шкендија води со 0-2 по првото полувреме на „Телеком арената“ против Вардар во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија.
Во тотално различен натпревар од оној пред само три дена во првенството, Вардар е тотално изгубен на „Телеком арената“. Шкендија сосема заслужено има предност од 0-2, по погодокот од пенал во 47. минута на Бесарт Ибраими. Претходно, сосема заслужено беше досуден удар од белата точка откако Грнчаров направи прекршок врз Медједовиќ…
Претходно, Ибраими во 26. минута постигна вистински евро-гол со шут од слободен удар од 30. метри за водство од 0-1…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА