Нападите на Шкупи во првиот дел од дербито со Вардар дадоа плод. Чаирчани успеаја да искористат една од многуте шанси пред голот на Гачевски, и од 33. минута да поведат. Стрелец беше Бесарт Гуџуфи, кому ова му е деби во дресот на чаирската екипа, а во минатото настапуваше токму во Вардар.
По една одлична акција која почна од средината на теренот и невнимателноста на одбраната на Вардар, Гуџуфи излезе сам пред Гачевски и го совлада за домашна предност и „експлозија“ на Чаир.
Погледнете го голот на Гуџуфи низ видео:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА