Вардар, наспроти фаворитската улога, губи на полувремето со 0-1 од Шкупи во првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија кој се игра на стадионот во Ѓорче Петров.
„Црвено-црните“ не успеаја да наметнат вистински ритам во првото полувреме, без вистинска шанса, а гостите преку Јашароски во 8. минута со прекрасен погодок стигнаа до водство од 0-1 кое го зачуваа до крајот на првите 45 минути.
Вардар игра во следниот состав на дуелот во Ѓорче Петров, со Барсегјан и Итало во нападот. Во 45. минута на местото на Дарко Глишиќ, во игра влезе Висар Муслиу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА