Вардар се пласираше во осминафиналето од Купот на Македонија откако во 1/16-финалната пресметка во дуелот на двата поранешни македонски шампиони, а сега второлигаши, славеше дури по изведувањето на пеналите со 5-6 против Победа во Прилеп.
Херој за црвено-црните е голманот Филип Илиќ кој во последната пенал-серија го одбрани ударот од белата точка на довчерашниот вардарец Анатолиј Петејчук.
Претходно натпреварот во регуларниот дел заврши со 1-1.
Најпрво Дејан Блажевски со „бомба“ во 54. минута донесе водство за Вардар од 0-1.
Но, домашните во последните секунди од средбата израмнија со погодокот на Филип Стомнароски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА