По претходниот пораз од узбекистански Пахтакор (0-2), Вардар дојде до првата победа на подготовките во Анталија славејќи против бугарскиот Берое со 1-0 (0-0).
Стрелец на единствениот гол за „вардарци“ беше Јакуп Бериша во 60. минута од средбата, по убавата акција изведена по десната страна…
Стратегот Чедомир Јаневски денешниот дуел го почна во следниот состав: Гачевски, Попзлатанов, Тошевски, Грнчаров, Новак, Глишиќ, Марковиќ, Глигоров, Охеда, Стојков и Блажевски.
Следниот натпревар на подготовките во Анталија, „црвено-црните“ го играат на 27. јануари против Черноморец Одеса од Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА