Вардар уште во раната фаза од натпреварот има негатива од 0-1 против АП Брера на арената „Тодор Проески“ во Скопје во 12. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Струмичани дојдоа до предност од 0-1 со голот на Ивковиќ во 19. минута од средбата…
И Работнички има предност од 0-1 на гостувањето против Силекс во Кратово. Регба во 19. минута стрелаше за водство на „романтичарите“.
Шкендија, пак, веќе има убедливо водство од 2-0 против Беса на дуелот во Тетово. Рамадани, по асистенцијата на Бесарт Ибраими, погоди во 14. минута, a веќе во 23. минута и самиот Бесарт Ибраими погоди за 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА