Ракометарите на Вардар со задоцнување од неколку часа конечно пристигнаа во Келн. Неочекувано беше откажан нивниот лет од Виена до Келн, па „црвено-црните“ летаа само до Дизелдорф, по што минаа неколку часа во автобус, за вечерва да пристигнат во хотелот што ќе биде нивна база до крајот на викендов.
Расположението е одлично, а сите со нетрпение го очекуваат стартот на возбудувањата, а во текот на утрешниот ден ќе има доволно време за одмор по напорниот пад, но и за лесен тренинг пред натпреварите в сабота и в недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА