Во највозбудливиот натпревар од синоќешната програма во НБА лигата, Хјустон славеше против Портланд со 96-94 благодарение на поените во последната секунда на Крис Пол.
Во две потполно различни полувремиња, на крајот Хјустон дојде до триумфот иако и лесно можеше да прокоцка победа. Хјустон имаше +22 поени на полувреме и се чинеше дека после таа предност нема враќање за Портланд. Но, успеа да се врати до неизвесна завршница која ја реши Крис Пол…
Chris Paul hits the game-winner! pic.twitter.com/pFzaxlWefb
— Legion Hoops (@LegionHoops) April 6, 2018
Јусуф Нуркиќ мечот го заврши со нов „дабл-дабл“ од 14 поени и 11 скока, а најефикасен во победничкиот тим беше Крис Пол со 27 поени, додека Џејмс Харден постигна 24 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА