ВИДЕО: Влатко Дробаров стрелец за Черно море

Македонскиот интернационалец Влатко Дробаров беше стрелец за Черно Море во ремито (3-3) со Царско село во плејоф разигрувањето за пласман во Лигата на Европа во шампионатот на Бугарија.

Дробаров погоди во 20. минута со глава за водство од 2-1 во тие моменти за својот тим.

Черно Море на полувремето имаше предност и од 3-1, но во последните 15 минути од средбата дозволи два гола на противникот за конечни 2-2. Сепак, Черно море е со најголеми шанси за европско место следната сезона.

Се вчитува...