ВИДЕО: Влатко Стојановски конечно погоди за Шкендија во шампионатот

Шкендија има предност од 1-2 на гостувањето против Работнички во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.

По оние 1-1 по првото полувреме, Шкендија поведе со 1-2 во 49. минута со голот на поранешниот репрезентативец Влатко Стојановски, кој во игра влезе на почетокот од второто полувреме.

Ова е прв гол за Стојановски во дресот на Шкендија во првенството, а еден сезонава има и во Купот на Македонија.

Претходно, откако Работнички поведе со голот на Максимов уште во 6. минута, за тетовци израмни Шаља во 23. минута.

Се вчитува...