Видео: Во Битола се славеше цела ноќ – шампиони, шампиони ечеше во „Градот на конзулите“

Еуфорично беше расположението во Битола во текот на изминатата ноќ, откако победата на Еурофарм Пелистер во Охрид и ремито на Вардар во Кавадарци ја поместија шампионската прослава за една седмица, па „пелистерци“ на едно коло пред крајот ја осигураа титулата што толку ја посакуваа.

По осумнаесет години чекање, титулата се врати во Битола, а во градот на конзулите знаеја како да го прослават големиот успех на своите спортски миленици.

Се вчитува...