На вчерашниот меч помеѓу Војводина и Раднички Ниш во српскиот шампионат, досуден е еден од најбизарните пенали во историјата на фудбалот. Го добија гостите, откако еден од домашните играчи играше со рака, меѓутоа тој само сакаше да ја премести топката додадена од голманот, по што судијата покажа на белата точка.
Сите бeа во невeрување и шок после ваквите случувања. Ваква ситуација имаше и ланската сезона во меч во Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Баерн Минхен, но тогаш не беше покажан пенал.
Од таа ситуација Раднички постигна гол за 1-2. Инаку мечот на крајот заврши без победник 3-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА