Струга ТЛ со победата над Силекс од 3-0 и со поразот на Шкендија на Чаир, на две кола до крајот од сезоната ја обезбеди шампионската титула.
Оваа сезона за стружани беше историска, а може да биде заокружена и со двојна круна, со оглед дека тимот ќе игра и во финалето на Купот на Македонија против Македонија ЃП, бранителот на трофејот.
На крајот од мечот против Силекс, целата публика влезе на теренот за да прослави со играчите. Струга ТЛ сега ќе оди и на вториот трофеј, а потоа тимот ќе се подготвува за квалификациите во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

