ВИДЕО: Војводина со „проектил“ од 20 метри ја шокираше Црвена Звезда, и го однесе Партизан на врвот

Фудбалерите на Војводина ја победија Црвена звезда во Белград (0-1), во дербито на 18. коло од Српската Суперлига.

Екипата на Мирослав Тањга славеше против Ц. Звезда по вторпат за само месец и половина, по триумфот во Нови Сад по пресвртот (3-2).

Херој на „лалињата“ беше Његош Петровиќ, кој го совлада Матеус во 54. минута со прецизен удар од далечина.

Ц. Звезда, останувајќи со 41 бод, повторно му го препушти врвот на Партизан, кој денеска славеше со 2-4 против Раднички.. Војводина го држи третото место со 36 бода.

Екипата на Владан Милојевиќ сега се соочува со две гостувања, Штурм и ТСЦ, додека Војводина ќе го пречека ОФК Белград.

Се вчитува...