Видео за фудбалски гурмани: Најубавите 100 гола на деценијата

Се ближи крајот на оваа деценија, доволен повод за составување на компилација од најубавите 100 погодоци постигнати во изминатите десет години на фудбалските терени ширум светот.

Ова дефинитивно е видео за фудбалски гурмани, составено од ремек-дела на сегашни „пензионери“ како Ван Перси, Роналдињо, Бербатов и Руни, но и од мајсторија на Нејмар уште од времето кога настапуваше за Сантош, потоа евроголот на Ласе Шене за Ајакс на ланскиот меч со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, како и „слаломот“ на Сон од Тотенхем на дуелот со Барнли од пред десетина дена.

Видеото трае дваесетина минути, но оној што ќе издвои време, сигурно нема да зажали…

Се вчитува...