ВИДЕО: Заедно и сѐ е можно – Љубовта кон велосипедизмот ги обедини сами да изградат велосипедска патека

Дечките се викаат „Екстримбајк“ – Битола и она што ги прави различни е што љубовта кон велозипедизмот не само што ги инспирира да возат велосипеди, туку и да создаваат заеднички дела кои ќе инспирираат многу нови генерации велосипедисти да се вљубат во овој спорт.

Нивниот прв успех е што со заеднички сили успеаа да изградат велосипедска патека за екстремен велосипедизам, а вториот е што благодарение на токму таа патека, голем број млади од Битола се вљубија во овој спорт.

Неверојатно е колку малите искрени иницијативи создаваат цел ланец на позитивни реакции кај луѓето. Затоа вреди да размислиме што мало искрено и добро можеме да направиме за да го постигнеме тоа. Затоа што… Заедно и сѐ е можно!






Се вчитува...