ВИДЕО: Залудна радост на Жуниор…, Захов му „подари“ реми на Работнички

Фудбалерите на Работнички имаат позитивен резултат од гостувањето против Шкендија во Тетово, ремизирајќи (1-1) во првиот натпревар од четвртфиналето во Купот на Македонија.

Шкендија брзо дојде до предност од 1-0 со голот на Жуниор уште во 8. минута, но сето тоа залудно откако домашниот голман Костадин Захов сам се „дриблаше“ во 33. минута катастрофално погрешувајќи за погодок на Драган Стојков за конечни 1-1… До крајот Шкендија не беше способна за нов гол во обидот со предност да го чека реваншот кој во Скопје ќе се игра на 4. март следната година.

Се вчитува...