Се играше 26. коло од германската Трета лига кога домаќинот Швајнфурт го пречека тимот на Сарбрикен. Мечот заврши 2-2, откако домашниот тим „прокоцка“ предност од 2-0, па во финишот гостите мораа да се спасуваат.
Меѓутоа пред тие два гола е видено едно од најголемите промашувања можеби и во историјата на фудбалот. Гостинскиот играл Доминик Бауман при 2-0 за домашните, можеше да намали, меѓутоа неразбирливо е како играчот на гостите го промаши тоа.
Од само 3-4 метри на празен гол ја упати топката високо над голот.
Промашувањето на Бауман може да го погледнете на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

