Видеолотарија четири години со обучени специјалисти ја спроведува програмата за одговорно играње игри на среќа

Под слоганот „Играј одговорно“, Видеолотарија Касинос Австрија, веќе четири години настојува да ги едуцира играчите за одговорно забавување, со цел да се спречат негативните последици од прекумерното играње игри на среќа. Во првиот квартал од годинава, реализирани се повеќе активности, со цел да се намали ризикот за играчите од компулсивното играње игри на среќа.

Компулсивното играње претставува проблематична навика која може да биде штетна  за играчот, но и неговото семејство. Во таа насока, тимот на Видеолотарија Касинос Австрија нуди едукација и помош од соодветно обучени специјалисти, веќе четири години:

  • Д-р. Павлина Васкова – Невропсихијатар

  • Д-р. Оливера Суботин Поповска – Психијатар

  • Д-р. Севиме Пашоли -Психијатар

  • Славица Шекуткоска – Социјален работник

  • Абдула Тачи – Клинички психолог

Во нашите заложби за поттикнување одговорно играње кај играчите,  веќе четврта година по ред, отворена е телефонската линија 072 809 809, а достапна е и опцијата комуникација преку електронска пошта на sos@videolottery.mk.

 Во текот на првиот квартал од 2022, реализирани се повеќе активности меѓу кои, посебен акцент е ставен на бесплатното советување, кое се реализира секој работен ден од 8-20 часот. Разговорот со стручен кадар помага и го насочува поединецот да го реши проблемот. Советувањето е бесплатно. Во рамките на советувањата, стручни лица работат со лица -компулсивни играчи, како и нивните семејства. Сите активности беа реализирани согласно протоколот и мерките за заштита од КОВИД 19.

 Игрите на среќа се наменети  само за забава. Во таа насока, саморегулацијата на играчите е многу важна. Единствената легална платформа за интернет игри на среќа во Македонија, 2win.мк  има опции за самоисклучување кои се достапни во менито ‘Моја Сметка’.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

Се вчитува...