Видеолотарија Касинос Австрија со донација од 3,284,819,00 реконструираше мултифункционално игралиште во Гевгелија

Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува со амбициозниот проект за повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја. По реконструираните ракометни игралиште во Свети Николе и Битола, пуштено е во функција и мултифункционалното игралиште ДТВ Партизан во Гевгелија.

Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, со донација од 3,284,819,00 денари Видеолотарија го пушти во употреба и третото игралиште од проектот за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја.

Во присуство на граѓаните од Гевгелија, претставниците на Видеолотарија, бренд амбасадорот Игор Стефановски Иџе и претставници на локалната самоуправа на општина Гевгелија, свечено беше пуштено во функција реконструираното игралиште.

Ова игралиште веруваме дека ќе биде новата среќна локација за игра, забава и натпревари во спортски дух. Со донација од 3,284,819,00 денари  целосно и темелно е реконструирано ова игралиште, кое доби нови спортски реквизити, а и жичена ограда за поголема безбедност на сите кои ќе го користат неговиот спортски терен,“ нагласуваат од Видеолотарија Касинос Австрија.

„Драго ми е што сум дел од овој убав проект за поттикнување на спортскиот дух и здрави навики во нашава земја. Верувам дека примерот на Видеолотарија ќе го следат и други одговорни компании“, изјави бренд амбасадорот на Видеолотарија, автомобилскиот ас Игор Стефановски Иџе.

Игралишта се дел од компаниската стратегија за повеќегодишно вложување во спортот, а со цел постигнување на врвни спортски достигнувања и мотивирање на младите активно да се посветат на спортот. Денес сме среќни, затоа што може да најавиме дека во општина Липково веќе привршуваат последните активности, со кои ќе биде реконструирано и следното игралиште.

На ваков начин, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно # ИГРАЈСОНАЈДОБРИТЕ

Се вчитува...