Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија го пушти во функција мултифункционалното спортско игралиште во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар. За неговата реконструкција, Видеолотарија обезбеди 3 171 810 денари.
Со донација од 3 171 810 денари Видеолотарија Касинос Австрија го пушти во употреба и осмото игралиште од проектот за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја. Најновото реконструирано игралиште се наоѓа во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар. Претходно веќе беа ставени во функција игралиштата во Свети Николе, Битола, Гевгелија, Лојане, Охрид, Чаир и игралиштето Оливер Соколов Сокол во Општина Карпош.
Во рамки на нашата стратегија за општествена одговорност, и годинава продолжуваме со проектот „ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ“ во кој остануваме фокусирани на обезбедување инфраструктура за спортување. Придобивките ќе ги имаат првенствено најмладите, но и останатите граѓани. Досега изградивме седум мултифункционални спортски игралишта и четири инклузивни детски игралишта. Денес го пуштаме во функција, осмото мултифункционално игралиште, за кое обезбедивме донација од 3 171 810 денари. Со оваа донација овозможивме да се направи ново и модерно спортско игралиште, на кое младите ќе може да играат ракомет, фудбал, кошарка. Игралиштето има нова гумирана подлога, спортски реквизити, и ограда, со што овозможуваме младите да играат и спортуваат безбедно.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски изрази благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за донацијата со која е реконструирано спортското игралиште во состав на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Очекувам овој пример да го следат и други компании – нагласи градоначалникот Герасимовски.
Благодарност за донација на Видеолотарија Касинос Австрија, изрази и Катерина Атанасова, директорка на ООУ Јохан Хајнрих Песталоци.
Видеолотарија и во иднина, одговорно ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за спорт, забава и рекреација на најмладите низ целата земја. Со оваа стратегија, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.
#ИграјОдговорно # ИГРАЈСОНАЈДОБРИТЕ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА