Ако „десетката“ на Вардар прави трансфер во Видеотон, а унгарскиот прволигаш плаќа само 100.000 евра, тогаш јасно е каде е македонскиот клупски фудбал во европски рамки. Но, од друга страна, Бобан Николов има само уште шест месеци од договорот со македонскиот првак и сака нов интернационален предизвик. Тој како младинец настапуваше во Романија.
Македонскиот репрезентативец се наоѓа пред трансфер во унгарскиот клуб, кој се бори за шампионската титула во тамошниот шампионат и потребни му се засилувања зa да ја добие битката со Ференцварош. А во тимот од Будимпешта пред шест месеци замина уште еден екс-фудбалер на Вардар и македонски репрезентативец, Стефан Спировски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА