Македонија од 1954 година го реализира изборот на најдобриот спортист на годината, синоќа на пригодна свеченост одредувајќи ги најновите двајца најдобри спортисти, во машка и во женска конкуренција за 2025 година.
Боксерот Ален Рустемовски и бодибилдерката Катерина Попева ги понесоа признанијата за 2025 година.
Преку видео-материјал, на синоќешната свеченост во Македонската опера и балет, пак, беа презентирани сите избрани спортисти на Македонија почнувајќи од 1954 година па се до денес.
Од скијачот Јахја Рефик кој во 1954 година беше прогласен за спортист на Македонија, па преку Нада Ицева – падобранство во 1956 година и Атина Бојаџи во 1963 година, Драган Мутибариќ во 1969 година па Благоја Георгиевски – Буштур (1971), Владимир Богоевски (1975), Аце Русевски (1976), Шабан Сејдиу (1980), Шабан Трстена (1982), Стојна Вангеловска (1985), Димитар Илиевски (1989), Петар Белистојановски (1994), Александар Маленко (1996), Индира Кастратовиќ (1997), Могамед Ибрагимов (2000), Томи Стефановски (2001), Дејан Недев (2005), Валентина Радуловиќ (2008), Кире Лазаров (2009), Наташа Илиевска (2010), Перо Антиќ (2011), Игор Стефановски – Иџе (2014), Стојанче Стоилов (2019), Горан Пандев (2020), Дејан Георгиевски (2021), Бобан Илиоски (2023 и 2024) и се до Ален Рустемовски за 2025 година, потсетување на најдоброто од Македонија во изминативе 71 година…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

