Манчестер јунајтед игра мошне променливо оваа сезона и тоа предизвикува незадоволство кај навивачите на тимот од „Олд трафорд“. Некогашниот дефанзивец на „ѓаволите“, Немања Видиќ, смета дека тимот на Жозе Мурињо нема сила да стане шампион во Премиер – лигата…
„Манчестер јунајтед нема квалитет за освојување на титулата во Англија. Тоа е моето мислење. Во последно време тимот игра во добра форма, имаат солидни резултати и мислам дека можат да стигнат до третото место во шампионатот. Титулата се уште е недостижна за Манчестер јунајтед. Ибрахимовиќ моментно е најдобриот поединец на тимот и има неверојатна мотивација на 35 години“ – соопшти Видиќ.
Српскиот одбранбен фудбалер настапуваше за Манчестер јунајтед од 2006 до 2014 година и за тој период одигра вкупно 300 натпревари и постигна 21 погодок во сите конкуренции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА