Поранешниот англиски напаѓач Гери Тејлор-Флечер кој одигра вкупно 32 натпревари во Премиерлигата во неговата кариера на социјалната мрежа „Х“ упати критики кон легендарниот српски стопер Немања Видиќ.
Србинот освои пет шампионски титули со Манчестер Јунајтед па беше ставен во ранг заедно со имиња како Тијери Анри, Дидие Дрогба, Андреј Шевченко, Серхио Агуеро, легенди кои настапувале во елитниот ранг на англискиот фудбал, нешто со што Тејлор-Флечер не се согласи нарекувајќи го Видиќ просечен фудбалер.
„Видиќ не беше ниту приближно блиску до нивото на Фердинанд, Тери, Ван Дајк. Тој беше на ниво на Шкртел. Просечен играч беше, не елитен. Јас го уништив два пати додека играв за Блекпул“, напиша Тејлор-Флечер на објава посветена за Србинот.
Тејлор-Флечер во сезоната 2010/11 се соочи со Видиќ два пати и успеа да постигне гол во двете средби, но неговиот Блекпул претрпе два порази со 3-2 и 4-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА