Видиќ: Во Јунајтед пиевме само кога славевме трофеи, значи испивме многу

Поранешниот српски фудбалер Немања Видиќ откри дека со играчите на Манчестер Јунајтед пиеле заедно. Стоперот кажа дека заедно со соиграчите на Јунајтед испиле доста алкохол.

Србинот играше на „Олд Трафорд“ од 2006 до 2014 година, и освои 15 трофеи со клубот, вклучувајќи и пет титули во Премиер-лигата.

„Единствено кога освојувавме трофеи пиевме заедно. Така што ако расмилите подобро, испивме многу“, рече Видиќ.

Со Јунајтед покрај петте трофеи во Премиер-лигата, има и три во Лига Купот, пет во ФА Купот, една титула во Лигата на шампионите и една во светското клупско првенство.

Се вчитува...