Инцидент во првото полувреме на дербито од 5. коло во Втората лига меѓу Гостивар и Воска Спорт.
На дуелот во Гостивар, гостите од Охрид имаат предност од 0-1, но дуелот го одбележа пресметката меѓу играчите на двата тима по еден воздушен дуел во кој двајца гостински фудбалери сами се судрија меѓу себе, а потоа бараа прекршок.
Веднаш настана мешаница на теренот, и со мал физички контакт меѓу поединци, не се знаеше кој и зошто лежи на терен, но на крај се се смири со два жолти картони на двете страни…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА