Премиерлигашот Сандерленд планира да го врати легендарниот фудбалер на Арсенал, Патрик Виеира во англискиот шампионат, пренесуваат медиумите. Тренерското столче на Дејвид Мојeс се ’тресе’, затоа што тимот после 22 одиграни натпревари се наоѓа на последната позицја со само 15 освоени бода.
Сандерленд овој викенд доживеа уште еден пораз, на гостувањето кај ВБА (2-0), а челниците на тимот планираат да го постават Виеира за нов менаџер.
Виеира моментно го води Нујорк сити, а после завршувањето на кариерата во 2011 година беше приклучен и во стручниот штаб на Манчестер сити, па има добри познавања за англискиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА