Виеира го сака Кевин Трап на голот на Ница

Новиот тренер на Ница, Патрик Виеира, ќе се обиде да го доведе Кевин Трап во својот тим до крајот на летниот преоден рок. Ница имаше лош старт на новата сезона во францускиот шампионат, а Виеира смета дефанзивата ќе биде многу подобра доколку на голот има посигурен чувар на мрежата.

Германецот Кевин Трап во моментот е трет избор во ПСЖ, па оттаму и идејата на Патрик Виеира да го добие на едногодишна позајмица. По доаѓањето на Џанлуиџи Буфон, легендарниот италијански голман и Алфонс Ареола се првите двајца голмани според изборот на Томас Тухел.

Се вчитува...