Патрик Виеира останува на кормилото на Џенова откако клубот и легендарниот Французин постигнаа договор за продолжување на соработката и за сезоната 2025/26.
Виеира пристигна во Џенова на крајот на 2024 година и успеа да му обезбеди место во елитниот италијански фудбал и за претстојната сезона и тоа со 43 освоени бодови.
За францускиот стратег беа заинтересирани и други клубови од Италија, но тој се одлучи да ја продолжи верноста со Џенова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

