Легендарниот француски фудбалер Патрик Виеира се враќа назад во Италија, но како тренер откако постигна договор да го преземе кормилото на Џенова.
Легендата на Арсенал како играч настапуваше во Серија А бранејќи ги боите на Јувентус и на Интер, а преселбата во Џенова ќе биде негов прв тренерски ангажман во елитното италијанско фудбалско друштво. Тој ја почна тренерската кариера во младинската школа на Манчестер Сити, потоа работеше во Њујорк Сити, Ница, Кристал Палас и Стразбур, за денеска да го прифати и предизвикот што го носи италијанскиот шампионат.
А предизвикот воопшто нема да биде мал, ако се знае дека Џенова играше катастрофално под водство на Алберто Џилардино, што резултираше со отказ за поранешниот голгетер. Тимот се наоѓа во опасната зона, со само 10 освоени бодапо првите 12 рунди од Серија А.
Виеира своето деби на клупата на Џенова ќе го има следниот викенд, на домашен терен против Калјари, екипа што се очекува да биде директен ривалво трката за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА