Виена му забрани на Партизан да организира евролигашки натпревар

Планот на кошаркарскиот клуб Партизан домашниот натпревар од 22. коло во Евролигата против Олимпијакос да го одигра во Виена пропадна поради недобивањето на дозвола од страна на власите во главниот град на Австрија.

Причина за тоа е безбедноста бидејќи според проценките на локалните служби за натпреварот постои голем интерес од страна на навивачите групи на шест различни тимови (Рапид Виена, Панатинаикос, Динамо Загреб, Олимпијакос, Црвена Звезда и Партизан).

По добиениот негативен одговор од властите во градот, Партизан се одлучи дека нема да ризикува и натпреварот ќе го организира во Белград, во салата „Александар Николиќ“.

Се вчитува...