Виери: Ќе го фрлам телевизорот кога Меси и Роналдо ќе престанат да играат фудбал

Искрен и реален како и секогаш, Кристијан Виери во интервју за една од италијанските телевизии упати низа комплименти на адреса на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, заблагодарувајќи се за сето она што двете мегаѕвезди го прават за фудбалот ширум светот.

„Да бидам искрен, кога Меси и Роналдо ќе престанат да играат фудбал, јас ќе го фрлам телевизорот бидејќи веќе ќе немам што да гледам. Сигурно нема да гледам фудбал, можеби ќе почнам да одам во кино и да гледам почесто филмови отколку што тоа го правам сега“ – вели Виери.

Тој има само пофални зборови за Роналдо, заблагодарувајќи му се за одлуката по заминувањето од Реал Мадрид да му се приклучи на Јувентус.

„Го критикуваат Роналдо бидејќи не му ја донел титулата во ЛШ на Јуве… а сите треба да сме му благодарни. Бидејќи кога тој игра во нашата лига, сите ја гледаат „Серија А“. Кристијано многу помогна за враќање на популарноста на италијанскиот шампионат“ – реален е поранешниот ас на Јуве, Лацио, Интер и на Милан.

Се вчитува...