Кристијан Виери не ги штедеше критиките кон раководството на Милан по синоќешната шокантна информација – дека Паоло Малдини ќе си замине од клубот по конфликтот што го имал со челниците по несогласувањата околу буџетот за засилувања за наредната сезона.
Малдини направи чудо создавајќи шампионски тим за крајно лимитиран буџет, сезонава стигна и до полуфиналето од ЛШ, но клупските директори на чело со газдата Кардинале јасно ставија до знаење дека немаат намера да инвестираат позначителна сума во играчкиот кадар, што беше причина за конфликтот кој придонесе легендата да си замине од „Сан Сиро“.
Поддршка за Малдини стигнува од сите страни, а меѓу најгласните е токму поранешниот голгетер на Милан, Кристијан Виери.
„Ако Малдини си замине, тоа може да значи значи само една работа: Дека Милан нема да потроши ниту едно евро на трансфер пазарот! Сигурен сум дека овој Кардинале е луд штом дозволува Малдини да си оди. Сепак, јас сум видел многу лудаци во фудбалот, во 30 години никаде не видов толку дволични ликови како во фудбалот. Веќе ништо не ме изненадува, ова е фудбал. Милан лани го освои Скудетото со Малдини, оваа година играше во полуфиналето во Лигата на шампионите, јас на нивно место ќе му понудев 10-годишен договор, а тие создаваат конфликт за самиот да си замине“, прокоментира Виери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА