Прославениот италијански фудбалер Кристијан Виери сподели детали за неговата преселба од Интер во Милан во 2005 година.
Тој откри дека силно сакал да остане во Интер, но и дека се согласил за трансфер во лутиот ривал делумно за да ги изнервира челниците на „нероазурите“ кои не му понудиле нова соработка.
„Бев многу возбуден за мојата преселба во Милан, затоа што бев миленик на навивачите на Интер. Но, бев лут многу, па затоа си заминав. Очекував повик од претседателот Морати, и да ми се јавеше тој, ќе останев. Но, немаше повик па затоа по секоја цена сакав да си заминам. Тогаш му кажав на мојот агент дали има интерес од Мадрид. Во меѓувреме добив понуда од Милан. Делумно прифатив за да го изнервирам Интер“, рече поранешниот напаѓач на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА