Викенд спектакл на Водно: Се враќаат трките на ридски патеки, промотивно возење со Иџе!

Од денеска па до недела македонскиот автомобилизам повторно ќе живее со трката на ридски патеки на Водно која се враќа на домашната сцена во организација на АКК Примо авј „Пролет“ и ќе се бодува во рамките на Државниот шампионат на ридски патеки.

Двете тренинг сесии се предвидени за сабота (почеток – 10 часот), а в недела од 11 часот ќе се возат првата и втората официјална трка.

Македонската јавност токму на овој натпревар, за првпат ќе може да го види новиот автомобил подготвен по ТЦР спецификација со кој Игор Стефановски – Иџе настапува во Европскиот шампионат, оваа сезона. Доколку сакате да го почувствувате адреналинот од возењето со овој автомобилот, викендов имате можност за промотивно возење.

Организаторите најавуваат враќање на Водно на автомобилистичкиот календар и присуство на повеќе од 30 домашни натпреварувачи поделени во следните класи:

КЛАСА A 1                                     ДО 1150 ццм3  “ЈУГО” со анекс

КЛАСА Н 2                                    ДО 1400 ццм3

КЛАСА Е 1                                     ОД 1301 ццм3 ДО 1600 ццм3

КЛАСА Е 1                                     ОД 1601 ццм3 ДО 2000 ЦЦМ

КЛАСА Н 3 и СП                          ДО 2000 ццм3

КЛАСА Н 4 , А 4                           НАД 2000 ццм3

КЛАСА Е1                                      НАД 2000 ццм3

ПРОГРАМА ЗА НЕДЕЛНАТА ТРКА (10. јуни)

10 часот                             Брифинг сo натпреварувачите

11:00 часот  Свечено отворање на натпреварот

12 часот                                                               Прво возење

1 час по прво возење                                       Второ возење

Прогласувањето на победниците ќе биде еден час по завршувањето на третата седница на жири комисијата (околу 16:30-17 часот).

 

Се вчитува...