Викендов во Охрид, по долги години, Меѓународна едриличарска регата во организација на „Акватика јахтинг“

Во организација на Едриличарскиот клуб „Акватика Јахтинг“ од Охрид, а под покровителство на Едриличарска федерација на Македонија и Општина Охрид, викендов во нашиот најголем туристички центар ќе биде организирана Меѓународна едриличарска регата.

Актуелнава година, едрењето повторно се враќа на вистински начин на Охридското езеро преку државните шампионати и критериските регати за настап во македонската репрезентација кои се одржуваа во Охрид и во Струга. Сега, првпат по повеќе години и организација на Меѓународна регата која свечено ќе биде отворена утре (25. септември) во 10 часот на Плажа Горица 1.

Натпреварите на регатното поле „Охридски залив“ ќе се одвиваат во класите: Оптимист, Ласер 4.7 и 470. Најавено е присуство на едриличарските клубови „Ј.К Палиќ“ и „Ј.К Панонија 1975“ од Бела Црква, Србија, Централ Софија Јахт клуб од Софија, Бугарија, ЕК Снегар од Струга, како и организаторот ЕК „ Акватика Јахтинг“ од Охрид.

Се вчитува...