Викендов во Охрид третата меѓународна едриличарска регата во организација на „Акватика Јахтинг“

Викендов во Охрид, во организација на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг” а поддржано од Едриличарската Федерација на Македонија и Општина Охрид, ќе се одржи 3. меѓународна едриличарска регата „Охрид 2023“.

Регатата која веќе е препознатлива и во меѓународни рамки со третото свое издание оваа година дополнително овозможува и продолжување на туристичката сезона во нашиот најголем туристички центар но и промоција на Охрид и македонското едрење воопшто.

На регатата ќе учествуваат, според најавите девет клубови од Србија, Бугарија, Грција, Црна Гора, Полска и Македонија. Најавено е присуство на едриличарските клубови Палиќ – Суботица, ЕК Металац Смедерево, Ј.К.Смедерево од Србија, Централен Софиски Јахт клуб од Бугарија, ГКЖ од Полска и најдобрите македонски едриличарски клубови ЕК Снегар од Струга и Акватика Јахтинг од Охрид, а се очекува финалната потврда за учество и на клубовите од Црна Гора и од Грција.

„Натпреварите ќе се во класите Оптимист, ILCA 4 и класата 470. Ќе се едри на регатното поле Градско пристаниште-Канео-Горица 1. Трките ќе се одржуваат два дена, сабота и недела, кога е и прогласувањето на победниците на платото кај Горица 1 – плажата К’ј Дивоно“ – информираат организаторите од „Акватика Јахтинг“.

Се вчитува...