Виктор Ангелов продолжува во романскиот второлигаш Бузау

Поранешниот младински репрезентативец Виктор Ангелов, си замина во Академија Пандев и денеска беше промовиран во романскиот второлигаш Глорија Бузау.

Тој стави потпис на договорот на година и пол, и веднаш е вклучен на списокот на патници на подготовки во Бугарија.

Ангелов играше за Работнички, Металург, Шкупи и Академија Пандев во македонскиот шампионат. Има и интернационална кареира откако играше за Ујпешт, Широки Бријег, а ова ќе му биде втор предизвик во Романија после Волунтари во 2021 година.

Ангелов беше дел од младата репрезентација на епското ЕП во 2017 година во Полска. За сениорскиот национален тим има еден настап.

Се вчитува...