Виктор Давидовски е избран за нов претседател на Автомобилистичката федерација на Македонија. Тој на денешното Вонредно собрание на АФМ ја доби довербата на деветте клуба кои присуствуваа (од вкупно 16) и во наредниот период ќе се обиде да ги стабилизира состојбите во овој спорт. За генерален секретар е избран Александар Димушевски.
Долг период постоеше разединетост во автомото-спортот во Македонија, а од денеска најверојатно состојбите ќе почнат да се средуваат. Инаку, поради несогласувањата немаше ниту организација на трки под закрила на федерацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА