Македонскиот возач Виктор Давидовски со својата „хонда цивик тајп-Р ФК 7“ како дел од тимот ПСС Рејсинг, ќе учествува во шампионатот на ТЦР Европа во оваа 2018 година. Сезоната на ТЦР серијата започнува на 5/6 мај на патеката „Пок Рикар“ во Франција.
„Многу сум горд и почестен што ќе бидам првиот возач од Република Македонија што ќе влезе во серијата на ТЦР Европа. Мојот тим и јас со нетрпение исчекуваме да се натпреваруваме со другите големи возачи и да се покажеме во најдобро издание. Со оглед дека ова ќе биде наша прва сезона во ТЦР – серијата, очекуваме да биде тешка за нас. Сепак, ќе се фокусираме на тоа да го покажеме целиот свој потенцијал и ќе ја искористиме оваа можност за собирање на неопходното искѕуство“, изјави Виктор Давидовски за официјалниот сајт на ТЦР – серијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА